Ријана е ѕвездата на новото, мајско издание на магазинот „Вог“, каде што во ексклузивна фотосесија гордо ја истакнува својата бременост.
Во црвена проѕирна комбинација со потпетици во иста боја, со трудничкиот стомак во преден план, Ријана позираше за американскиот Вог.
33-годишната поп ѕвезда, која го очекува своето прво дете со раперот Асап Роки, често го истакнува својот труднички стомак и тоа делумно гол.
Имено на нејзиниот Инстаграм профил може да забележиме дека Ријана споделува слики на кои и во јавноста се шета со гол труднички стомак.