Популарниот рапер Стефан Ѓуриќ – Раста доживеал непријатност на настап на кој трпел неподносливи болки.
Имено, раперот ја скршил раката, а познат по тоа што е еден од ретките професионалци во својата работа, не го откажал настапот.
Раста имал концерт во Швајцарија, безоглед на болките кои ги имал. Раста по овој повод се огласи и на Инстаграм.
„Кога би можел само со зборови да опишам со какви болки настапував вчера, никогаш во животот не би се прашал од каде ми се парите“ – напишал Раста.
„Стискам заби и не сум пи*ка, ете така – додал раперот на своето „стори“ на Инстаграм.
„Секоја чест“, „Вистински професионалец“, „Баш ми е жал што си ја скршил раката“, „Можам да ги замислам болките“, „Браво“, „Така прават вистинските уметници“ – се само некои од коментарите.