Марија Изабел Гулар Дурадо важи за една од најзгодните жени на светот. Познатата бразилска манекенка ја чува оваа титула со години, а за нејзиниот изглед се заслужни неколку едноставни вежби.
Изабел Гулар беше гостинка на овогодишниот Канскиот фестивал, а модните изданија кои ги носеше само уште повеќе ја истакнуваа нејзината одлична фигура.
За неа велат дека е жена со челични стомачни мускули и извајани нозе, а фотографиите се доказ за тоа. А што се знае за нејзиниот начин на исхрана и вежбање?
Познатата Бразилка која во октомври ќе наполни 38 години, е љубител на здрави сокови. Користи свежо овошје и зеленчук (лиснат) како и дополнителни протеини и житарици.
Протеинските шејкови ги пие по тренинзите, а се знае дека тие се најдобра ужина по вежбањето.
Изабел избегнува ригорозни диети. Таа се труди да се храни здраво и обожува да готви, а подготвува исклучиво јадења со мал број намирници бидејќи сака нејзината исхрана да биде што поедноставна.
Вежби заслужни за топ форма
Гулар напорно тренира, а сака да комбинира повеќе видови тренинзи како пилатес, кикбокс, јога, трчање, како и кардио тренинзи со вежби со отпор.
Помеѓу нејзините вежби ги издвојуваме оние кои не се тешки за примена – првата е прескокнување на јаже со која се согоруваат калории и масти, а истата активира голема група мускули.
Втората е наречена „glute bridge“, односно подигнување на карлицата, која го зајакнува задникот, но ги активира и стомачните мускули.
Изабел често практикува јога и пилатес кои даваат силни мускули и придонесуваат за нивно истегнување.
Манекенката во 2005 година потпиша договор со модната куќа „Victoria’s Secret“, а пред 11 години започна соработка со „Sports Illustrated“.