Пејачката сподели величествени фотографии од најубавото место во цела Турција.
Познатата фолк пејачка Ирена Спасовска по напорните настапи реши оваа есен малку повеќе да ги наполни батериите.
Таа одлучи да се одмори на една несекојдневна дестинација која е мошне популарна меѓу македонските туристи.
Во прашање е волшебно место кое зрачи со егзотика проткаена со неверојатна мистика, а преку социјалните мрежи можеме да видиме како пејачката ужива.
Станува збор за Кападокија, едно од најпознатите места во Турција, кое се наоѓа на 200 км од главниот град Анкара.