Холивудската актерка и манекенка Меган Фокс прошета во фармерки со лежерен крој и со тексас јакна, но највпечатливиот дел од нејзината модна комбинација било бодито кое го носела.
Меган со бодито го проследила трендот на облека со необични прорези со оглед на самодовербата што ја има таа го покажала и стомакот, но и дел од своите бујни гради.
Имено, атрактивната девојка во еден момент покажала и повеќе отколку што сакала. А, можеби и тоа го направила намерно.
Комбинацијата ја заокружила со чанта со иста боја како бодито и сандали со циркони и на висока потпетица.