Младата поп-sвезда Анастасија Ражнатовиќ секогаш се облекува во согласност со нејзината возраст и многу соодветно.
Иако не е некој што се фали со брендирана гардероба, невозможно е да не забележите дека секое парче што ќе го избере чини многу.
Па така, и овој пат им ја покажа својата облека на обожавателите на прошетка, а покрај кожната, црвена јакна и фармерки, на раката имаше и чанта од крокодилска кожа.
Чантата што ја носи Анастасија е од најновата колекција на добро познатата марка YSL, а на својата веб-страница стои дека чини 2.750 долари, или 2.345 евра.
Стајлингот на Анастасија им се допадна на обожавателите, кои ја опсипуваа со комплименти.
„Убава“, „Така треба да се однесува и облекува вистинска дама, браво“, „Сè изгледа добро на тебе“, се само дел од коментарите од обожавателите.