Сандра Африка со години важи за една од најубавите девојки на нашата естрада, а сега своите следбеници на Инстаграм ги потсети со фотографија стара 18 години како изгледала на почетокот на кариерата.
Пејачката која кариерата ја започна како танчерка, на фотографијата што ја објави со црна коса и шишки, позираше во црвена долна облека.
Многумина коментираа дека пејачката воопшто не се променила, па дури и дека сега е уште поубава од порано.