Пејачката го прослави роденденот на својот избраник и за него избра не толку ласкав фустан
Поп ѕвездата Ријана беше фотографирана минатата вечер кога го прославуваше роденденот на својот избраник Асап Роки.
Папараците ја чекаа пејачката кога заврши забавата, а таа цело време со рака ги криеше бујните гради и имаше добра причина за тоа.
Имено, Ријана облекла проѕирен црн фустан со длабоко деколте. Само затоа што е проѕирно, пејачката не сакала папараците да и ги сликаат градите, па ја држела раката на нив цело време додека одела до автомобилот.
Пејачката уште еднаш покажа дека не е оптоварена со вишокот килограми кои ги добила за време на бременоста, а во секое издание откако се породи изгледа одлично.