Чак Норис(роден на 10 март 1940) е американски боречки глумец, боречка ѕвезда и телевизиски и филмски глумец кој е познат по боречките улоги како Кордел Вокер во Вокер, Тексаскиот Ренџер.
Во 1958 год , Норис се ожени со Дајан Холчек .Во 1963 год се родило нивното прво дете , Мајк . Во 1964 год , му се родила неговата ќерка Дина , со жена со која што не бил во брак . Потоа , во 1965год , му се родил вториот син , Ерик , со неговата сопруга . После 30 години во брак , во 1988 год , Норис и Холчек се разведија .
Во ноември , 1998 год , тој се ожени со поранешниот модел Џена о ‘ Кели , родена во 1963 год И помлада од Норис 23 години . О ‘ Кели имала две деца од претходниот брак . Во 2001 година таа роди близнаци . Дакота Алан Норис , момче и Даниел Кели Норис , девојче .
На 22 септември 2004 год , во емисијата Entertainment Tonight , Норис кажа дека неговата ќерка Дина е резултат на вонбрачна афера . Тој ја немал видено сè до нејзината 26 година , иако таа дознала дека тој и е татко кога имала 16 години . Таа му испратила писмо во кое го информира за нивната поврзаност . Окако се сретнале , Норис изјавил дека веднаш знаел дека е негова .
Сега, добродушниот Христијанин, Норис е автор на повеќе книги со христијанска тематика, како Јавачи на правдата. Тој исто така има учевствувано и во неколку телевизиски реклами прмовирајќи ги библиските студии во јавните училишта , како дополнување на оретчувањето на употребата на дрога . Во 2006 год тој почна да пишува колумна за конзервативните вести на мрежната страница WorldNetDaily споделуваќи ги неговите размислувања за вербата, семејството, слободата, државата, лојалноста – дури и за кик-боксот . Во неговите колумни тој ја изразува својата верба во Библиското христијанство , дека тие што се грешни, треба да се свртат кон Исус , И вели дека “ вистинксите патриоти “ не се расправаат за политика и религија . Норис им служи на Управниот одбор на Националниот совет на Библискиот Курикулум на државните училишта, организација која го промовира користењето на Библијата во државните училишта и исто така зборува во име на организациите Што воведуваат службени молитви во државните училишта.
Норис има добиено кафеав појас за Бразилското Џиј-џицу од фамилијата Мачадо.
Од последната филмска улога на Чак Норис поминаа речиси 10 години, а за отсуството од филмското платно има добра причина.
Имено, во 2017 година, неговата сопруга Гена заболела од мистериозна болест за која се докажало дека всушност е ревматоиден артритис. Поради грешка на докторите се искомплицирале повеќе работи.
Гена почнала да чувствува болки во зглобовите, слабост, болки во ребрата и треперење на цело тело. Изгубила 15 килограми и морала да се храни со детска храна поради тоа што тешко голтала.
Таа закрепнала во некоја клиника во Невада, но нејзиниот сопруг сепак го напуштил Холивуд за да се грижи за неа. Против докторите поднеле и тужба, но сепак се откажале од судењето во 2020 година.
Чак Норис многу се променил, па повеќе не наликува на оној мускулест херој каков што го паметиме. Со оглед на тоа што го прославил својот 82-ри роденден, тоа е разбирливо.