Кралицата на поп-музиката, Мадона отсекогаш ги надминувала границите кога станува збор за голотијата, а своето тело честопати го покажува самоуверено дури и на 63 години.
А изгледа и нејзината најстара ќерка Лурдес Леон (24), покрај физичката сличност и желбата да пее, ја наследила и ексцентричната црта на карактерот од својата славна мајка, па така нејзиното појавување во еден хотел во Њујорк стана глана тема во американсите медиуми.
Имено, Лyрдес на настапот на својата мајка во хотелот дојде облечена или соблечена како плејбој-зајачица.
И повторно се најде во центарот на вниманието! Смелост или лудост, вкус или невкус – проценете сами! Како и да е, за Лола со денови се зборува…