(ФОТО) Парис Хилтон ќе стане мајка во петата деценија

Наследничката на империја, актерка, пејачка или едноставно кажано, мултимедијалната личност – Парис Хилтон ја израдува светската публика со веста дека е во блажена состојба.

После децении љубовни бродоломи, разочарувања и погрешни избори, сега ужива со вереникот Картер Реум, со кој за неколку месеци ќе го добие првото дете, пренесуваат светските медиуми, ико таа и понатаму не се огласува на оваа тема.

На фотографијата која настанала пред еден ресторан во Санта Моника, суптилно се наѕира трудничкиот стомак, кој сите го забелелаже, иако Парис на себе носела црна, елегантна тоалета.

Хилтон зрачела со посебна топлина и енергија, а тоа е уште еден показател дека е бремена.

Во неодамнешно интервју за еден американски магазин, истакнала дека за време на посетата на клиниката за ин витро оплодување, сочувала јајце клетки, за да може да се оствари во улога на мајка барем двапати.

Нѝ преостанува да видиме кога Парис ќе одлучи овие информации и сама да ги сподели со јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e