(ФОТО) Опра Винфри низ солзи раскажа како била камшикувана како дете

Водителката Опра Винфри гостуваше во емисијата на др. Оз и раскажа за траумите што ги доживеала како дете.

Живеела во Мисисипи, а семејното насилство било дел од нејзиното воспитување.

„Спиев во кревет со баба ми кога среде ноќ дедо ми влезе во собата и започна да ја дави баба ми со рацете, а таа врескаше. Таа го оттурна и истрча од собата, јас по неа. После тоа, таа стави стол под кваката и околу столот ќе врзеше неколку лимени конзерви и така спиевме секоја вечер, слушајќи да видиме дали лименките ќе заѕвечкаат и што ќе се случи ако кваката се помести “, рече Опра. За време на интервјуто таа ги задржуваше солзите.

Покрај нејзиниот дедо, нејзината баба понекогаш била насилна. Еднаш, Опра носела вода од бунар и мешала со прстите во водата. Бабата беше лута што си играла со водата за пиење, па ја удрила со камшик по грбот.

„Кога подоцна се облеков за да одам во црква, една лузна ми се отвори на грбот и ми го раскрвари фустанот“, се присетува водителката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e