Актерката Бергузар Корел, попозната како Шехерезад и нејзиниот колега и сопруг Халит Ергенч, кој го паметиме како Сулејман Величествениот, ќе станат родители по трет пат.
Додека турските медиуми пишуваа дека бракот на актерската двојка е во криза, и дека тие се разведуваат, тие очекуваат принова. Шехерезада и Сулејман неодамна ја споделија среќната вест преку Инстаграм, а сега го открија и полот на бебето. Актерката организираше забава за откривање полот, па открија дека очекува девојче.