Пејачката Бритни Спирс повторно го привлече вниманито на социјалната мрежа Инстаграм.
Имено Бритни одамна објавува фотографии на својот Инстаграм профил како од мајка родена, па така и овој пат ниту бременоста не ја спречи да објави фотографија на која е целосно гола.
Бритни минатиот месец на Инстаграм објави дека е третпат бремена и дека го чека своето прво дете со свршеникот Сем Асгари, нарекувајќи го свој сопруг. Од бракот со нејзиниот поранешен сопруг Кевин Федерлајн, со кого водеше тешка битка за старателството над децата, ги има синовите Шон Престон и Џејден Џејмс, а беше во брак и со Џејсон Ален Александар.