Фолк ѕвездата со која пораснаа многу генерации Лепа Брена често споделува фотографии од своето детство.
Имено, пејачката обожава да буди спомени и се труди да не го заборави периодот пред нејзината голема популарност.
Брена пред неколку години со своите следбеници сподели фотографија од првата лична карта која ја извади кога наполни 18 години.
На споменатата фотографија се гледа дека Брена имала потемна коса, а не русокоса.
Пејачката дури подоцна се офарба плава, што е нејзин заштитен знак денес.