Пејачката Неда Украден ги воодушеви своите следбеници на Инстаграм со нова фотографија на која позира во бикини покрај море.
Иако одамна влезе во осмата деценија од животот, Неда не бега од објавување фотографии во бикини и докажува дека изгледа сериозно добро и негувано дури и за нејзините години.
Неда позираше во едноделно розово бикини и ја покажа својата совршено извајана фигура и им порача на следбениците „да ги отфрлат предрасудите“.
– Да ми кажеше некој ‘животот е убав’ и кога ќе стигнеш до 7 банки, ќе пеам, ќе патувам, ќе уживам во семејството, работата, животот – би рекол: ‘Се шегуваш’. Но, тоа е вистина! Затоа, уживајте во него колку што можете и додека можете. Оставете ги предрасудите! – напиша Неда со фотографија во розови бикини и откри дека фотографијата ја направила нејзината внука.
„Каква дама, уште подобро пиле“, „Секоја чест Неда, навистина изгледаш совршено“, „Тоа е добрата генетика“, коментираат нејзините следбеници.