35-годишната Меган Фокс беше видена по улиците на Лос Анџелес, поточно во Брентвуд. Убавата актерка била на прошетка со пријателката, а она што привлекувало погледи била нејзината гардероба.
Таа носела тексас фармерки, џинс јакна и неон зелен костим за капење кој го искомбинирала со чанта во иста боја.
Во одреден момент поради необичните изрези на костимот, актерката покажа повеќе отколку што требаше, но сепак оваа комбинација одлично ѝ прилега.