Пејачката Наташа Малинкова како и нејзините колеги и колешки од музичката бранша моментално е на пауза од концерти, настапи, снимање нови музичка парчиња поради коронавирусот.
Иако повеќето од музичарите се активни на социјалните мрежи објавувајќи секојдневие од својот живот, тоа не е случајот и со Милинкова.
-Сепак, пејачката деновиве имаше убав повод за славење односно полнолество на нејзината постара ќерка Султана.
Вака те држeв точно пред 18 години кога те родив. Му благодарам на Бог што те имам моја паметна и убава. Летај птицо моја. Од денес започнува ново поглавје во твојот живот. Те сака мама- пишува во објавата на пејачката.
Под објавата се нижеа честитки и убави желби за славеничката.