И Северина и Игор објавуваат на социјалните мрежи дека уживаат во друштво на пријателите по разводот
Откако во четвртокот официјално се разведе од поранешниот сопруг, 34-годишниот Игор Којиќ, сплитската пејачка Северина на Instagram објави дека се забавува со пријателите.
Според нејзините објави, јасно е дека се дружи со пријателите и соработниците кај Задар. Станува збор за продуцентот Филип Милетиќ со кого работи на нов албум, фотографот и драмски режисер во Хрватскиот народен театар во Сплит Соња Дворник и соработничката Ведрана Васиќ.
„Околу мене илјада лудаци … (тројца како илјада)“, напиша 49-годишната пејачка во описот на фотографијата, која беше објавено со стих од нејзината песна „Тарапана“.