Кога одморот ќе заврши, остануваат спомени, сеќавања и помислата: „ех, да траеше уште малку“.
Тоа чувство очигледно ја следи и актерката Оливија Кулпо, која на почетокот на месецот летуваше во Грција и иако им се врати на своите работни обврски и секојдневје, на Инстаграм сподели уште слики од одморот.
На фотографиите се гледа дека супер си поминувала со пријателите и со семејството, а меѓу сликите има и такви каде што таа е топлес, како и во бело бикини.
Кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе ви биде јасно зошто за неа велат дека е најзгодната жена на светот…