(ФОТО) И на 52 години во топ форма: Која е тајната на Џеј Ло?

Џенифер Лопез во средата сподели уште неколку фотографии на Инстаграм, за да се надоврзе на издавањето на својот нов сингл Cambia El Paso.

51-годишната латино ѕвезда се чини дека максимално го користи својот перфектен изглед додека позира во бикини во базен.

Џеј Ло е во неверојатна форма благодарение на секојдневното вежбање и диетата која содржи малку јаглехидрати и шеќер. Тешко е да се поверува дека таа ќе наполни 52 години на 24 јули.

Овие фотографии доаѓаат во исто време кога неколку портали објавија дека Џенифер „е посреќна од кога и да е со нејзината вистинска љубов Бен Афлек“. Тие, наводно, имаат намера да го поминат остатокот од животот заедно.

А во средата, уште еден извор потврди за „Ју-ес викли“дека Џенифер сака да го помине остатокот од својот живот со Бен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e