40-годишната Парис Хилтон вчера стапи во брак со претприемачот Картер Реум. Пред Картер, Парис беше 3 пати верена, но никогаш не стигна до олтарот.
Парот се вери во февруари оваа година, по една година хармонична и убава врска.
„Моето засекогаш започнува денеска… 11.11“, напишала Хилтон во описот на засега единствената фотографија во венчаница.
Неколку дена пред самата венчавка, Парис објави фотографии и видео снимки со својот вереник, а во истовреме ја промовираше и својата нова серија наречена „Paris in Love“.