(ФОТО) Милица Тодоровиќ во холивудски стил на промоција на книга

Писателката Весна Дедиќ организираше промоција на новата книга „Се изгубив“, која веќе е во продажба низ Србија, а на овој настан се појавија голем број гости од светот на шоу-бизнисот…

Весна Дедиќ ја поддржаа и Милица Тодоровиќ, Марина Тадиќ, Слаџа Алегро, Миња Милетиќ, Сергеј Четковиќ со сопругата
Пејачката Милица Тодоровиќ привлече посебно внимание во тесен фустан на едно рамо и со длабок шлиц кој ги истакнуваше нејзините затегнати, извајани нозе.

Оваа креација од неон-жолта боја фантастично и прилегаше на младата пејачка, а носеше и светло розова модерна чанта и сандали со високи потпетици. Не претерала со накитот, имаше само дискретно ѓерданче со приврзок.

Патем, атрактивната 30-годишна девојка прибегна кон познатиот стилски трик на холивудските диви – и таа многу добро знае дека сандалите во боја на кожа визуелно ги издолжуваат нозете.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e