Милена Антовска Станковска повторно е во блажена состојба. Водителката водителка веќе има една ќерка која сега ќе биде постара сестричка и нестрпливо го чека новиот член во семејството.
Многумина се интересираат за полот на бебето, но и како изгледа убавата водителка со трудничкиот стомак. Таа неодамна откри дека носи женско дете, а како изгледа во седмиот месец од бременост покажа деновиве, на својот Инстаграм профил.
„Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка, а Лана Марија ќе добие сестричка. Уште едно девојче, навистина сум многу среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме син, но не ми е важно. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите, па ако е така јас и Гордан ептен ќе бидеме чувани“, изјави Милена неодамна во интервјуто за порталот „ММС“.