Меган Фокс заедно со својот вереник Машин Ган Кели одушеви со својата маска по повод популарниот празник Ноќта на вештерките, а инспирација за својот костим пронајде во поранешниот холивудски пар – Памела Андерсон и Томи Ли.
Парот се врати во периодот на 90-тите години додека на црвениот тепих ги имитираа Памела и Томи во Casamigos Tequila Halloween забавата во Беверли Хилс.
Го копираа изгледот на поранешниот пар од отворањето на Hard Rock Hotel & Casino во 1995 година во Лас Вегас, а 36-годишната Фокс носеше минич од латекс со засек во облик на срце.
За потполно да се посвети на изгледот на Памела Андерсон, Меган Фокс стави перика, ги прецрта усните, ги зголеми ноктите, а и го затемни тенот на кожата.
megan fox attends at the annual casamigos halloween party in beverly hills ( october 28, 2022 ). pic.twitter.com/uvhxoSW1Fg
— best of megan fox (@meganfiIes) October 29, 2022
Машин Ган Кели го копираше изгледот на тапанарот Томио Ли со бела маица без ракави покажувајќи ги тетоважите, а носеше и црни кожни панталони и црна маскара за очи.
Фокс го запозна Кели во 2020 година на сетот на нивниот криминалистички трилер „Midnight in the Switchgrass“. Се верија во јануари, а идниот младоженец потоа потврди дека неговиот пријател Пит Дејвидсон ќе биде еден од кумовите.
Ова не е прв пат некој да се маскира во Памела и Томи од таа вечер. Годинава тоа се случи и во биографската серија „Pam & Tommy“ на стриминг сервисот Hulu. Таму славниот пар го играат Лили Џејмс и Себастијан Стен, а дејството се случува во периодот кога нивната интимна секс снимна беше украдена во 1995 година.