(ФОТО) Марија Шерифовиќ прослави роденден, еве колку години наполни и каква торта имаше

Марија Шерифовиќ е родена на 14 ноември 1984, а која во јавноста се прослави со победата на Евровизија 2007.

Таа е родена во Крагуевац, Србија. Нејзината мајка, Верица Шерифовиќ, е исто така пејачка која е од српско и ромско потекло. Нејзиниот татко, Рајко, е од турско потекло.

Нејзиниот прв албум е „Нај, најбоља“, издаден во 2003 година, и бил многу добро прифатен. Најголем хит од овој албум била песната „Знај да знам“ компонирана од Дарко Димитров. Летото 2005, таа го издаде синглот „Агонија“, кој бил верзија на грчката супер ѕвезда Деспина Ванди (I Believe It).

Нејзиниот втор албум е „Без љубави“, издаден во 2006, и бил многу успешен. На почетокот на 2007, таа го издаде вториот сингл наречен „Без тебе“. На 28 јуни 2007 таа го издаде албумот наречен „Најдоброто од Марија Шерифовиќ“.

Во 2003, таа настапи на Будва фестивалот со песната „Горка чоколада“, повторно од Дарко Димитров. Во 2004, таа беше дел од истиот фестивал со песната „Бол до лудила“ и зема прва награда.

На 21 февруари 2007, Марија Шерифовиќ го одржа својот прв соло концерт во белградската сала Сава Центар, што се смета за голем хит на српската музичка сцена. 4,000 луѓе беа присутни.

Марија денес го прослави својот 37 роденден и сподели фотографија со тортата на својот Инстаграм профил со која воедно се заблагодари на сите за честитките.

„Пред 37 години во 15:30 … Ви благодарам на сите за честитките. Да продолжиме понатаму паметни, луди, нервозни, храбри и искрени!“, напиша во описот на фотографијата Шерифовиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e