(ФОТО) Марија Шарапова прослави роденден и откри дека е бремена

Легендарната тенисерка Марија Шарапова вчера го прослави својот 35 роденден, а на обожавателите реши да им открие голема вест – дека е бремена.

Русинката пред две години стави крај на својата богата тениска кариера, а на роденденот ја објави големата вест која сака да ја сподели со своите фанови.

Таа вчера го прослави својот 35-ти роденден со фотографија од плажа каде гордо го покажа трудничкиот стомак.

„Скапоцени почетоци. Отсекогаш ми било специјалност да јадам роденденска торта за двајца“, напиша Шарапова.

Шарапова од 2018 година е во врска со британскиот бизнисмен Александар Гилкс (42), а парот се сврши во декември 2020 година.

Поранешната светска тенисерка број еден важи за една од најдобрите во историјата. Таа освои 36 турнири, вклучително и пет Грен слемови.

Таа е една од десетте тенисерки кои ги освоиле сите четири Грен слем турнири во историјата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e