Популарната балканска пејачка Маја Беровиќ ги изненади фановите со фотки во поодмината бременост.
Атрактивната пејачка редовно ги информира фановите за текот на бременоста, таа веќе неколку пати на своите следбеници на социјалните мрежи им се пофали дека наскоро ќе се оствари во улогата на мајка.
Овој чекор со нетрпение го очекуваа сите, со оглед на тоа што пејачката долги години е во хармоничен брак со сопругот Ален.
Маја сега направи тотален бум на Инстаграм со фотографии на кои се гледа нејзиниот труднички стомак.
Имено, пејачката позираше со гол стомак до заби и ги извести фановите дека е во осмиот месец од бременоста и дека наскоро се ближи породувањето.