(ФОТО) Магичен вел и прекрасна венчаница: Погледнете како беше облечена Кортни Кардашијан на својата венчавка

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг, тапанарот Тревис Баркер се венчаа „по трет пат“, а церемонијата се одржува во Портофино, Италија.

Кортни и Тревис прво направија тајна и „пробна“ венчавка во Лас Вегас, на која присуствуваа само двајцата, а потоа кон средината на мај официјално се венчаа во Санта Барбара опкружени со најблиските пријатели и членови на семејството.

Но, сега следуваше уште една венчавка, трета по ред, спонзорирана од италијанската модна куќа „Долче и Габана“.

На церемонијата во Италија, покрај семејството и пријателите, присуствуваа и бројни познати личности, кои на локацијата пристигнаа со глисер.

Кортни блескаше во кратка бела венчаница, на главата носеше вел со детали од тантела, додека Тревис беше во тенок костум и бела кошула со машна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e