(ФОТО) Мадона позира гола отсликувајќи ги последните моменти на Мерлин Монро

Во новото интервју за насловната страна на магазинот “V”, 63 годишната пејачка му позирала на фотографот Стивен Клајн, а нејзините фотографии ги отсликуваа последните моменти на познатата Мерлин Монро.

Фотографот рекол дека бил инспириран од серијата фотографии на Берт Стерн за кој се верува дека Мерлин Монро последно му позирала него, шест недели пред нејзината смрт на 4 август 1962 година.

Меѓутоа, изгледа дека кралицата на поп музиката ја рекреирала смртната постела на Мерлин Монтро бидејќи лежи на душек до кој имало ормарче полно со таблети.

Мерлин Монро е пронајдена мртва во својот дом во Брентвуд во Калифорнија во 1962 година, а соопштено е дека се предозирала со седативи претходната ноќ.

На снимањето на Клајн, тој повторно ја направил култната фотографија “Material Girl” без кошула, но со танга додека Мадона лежела со лицето надолу со крст на грбот.


View this post on Instagram

A post shared by Madonna (@madonna)

Клајн во воведот напишал дека тој и Мадона не биле заинтересирани повторно да ги рекреираат фотографиите точно, но се обиделе да ја остварат врската помеѓу ѕвездата и камерата, мистерија и магија на оваа креативна соработка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e