Мадона не престанува да ги изненадува обожавателите со своето однесување, а сега гордо ги покажала голите гради на Инстаграм.
Мадона (64) не престанува да привлекува внимание со својот изглед и со скандалозното однесување. Поп-иконата со месеци наназад е во центарот на вниманието поради разголените фотографии што ги објавува на социјалните мрежи, како и поради претераното обработување на сликите.
Сепак, нејзините најнови фотографии што ги објавила на Инстаграм, буквално ги згрозија и нејзините најверни обожаватели. Овој пат ги почестила своите следбеници со нови слики, каде што нејзините бујни гради се во прв план.