(ФОТО) Мадона „ги помести границите“ со изгледот на тинејџерка!

Мадона е револуционер, Мадона ги поместува границите, предизвикува, провоцира. Оваа жена што се покажува на Инстаграм, чие лице поминало низ милион дигитални филтер – ова не е таа Мадона што ја познаваме!

Оние што ја сакаат велат дека ова е нејзин начин да провоцира, да шокира, додека ние се прашуваме како може да си го прави ова на себе некој што има повеќе од шеесет години!

Денес Мадона изгледа како да има 16 години. Облечена е урбано, како некоја тинејџерка што се забавува со симпатијата во својата детска соба. Можеби тоа е новиот сон на Мадона – да се врати во младоста, па да живее како што денес живеат тинејџерките. Да живее втора младост. Но што е со нејзиниот живот како возрасна жена? Додека таа глуми тинејџерка, кој се занимава со нејзиниот живот?

Светот немоќно и тажно молчи пред вонземското лице на поп-иконата. Пластичниот хирург Гери Линков потврдил дека Мадона со децении го коригира лицето со разни естетски зафати, а неговата проценка е дека таа од 1982 година па до денес, има направено три фејслифтинзи, три пати ги подигнувала веѓите, два пати капаците, многу пати вбризгувала филери, а не го исклучува ниту фактот дека вградувала импланти на вилицата и дека отстранувала вишок масти.
„Не е за фалење, срамота е вака да изгледа жена од 63 години“, гласи коментарот на една жена под новата фотографија на пејачката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e