Адријана Лима позираше за шпански Вог.
43-годишната манекенка позираше без шминка, а на Инстаграм беа објавени фотографии од ноемвриската насловна страна на магазинот.
„Посилна и похрабра од кога било. Адријана Лима се врати да позира за нашата насловна страница“, објави магазинот, додавајќи дека Лима се присетила на раната кариера.
На првата насловна Лима позираше во маица на Кристијан Диор и шешир на „Clyde x Collina Strada“. На втората корица манекенката позираше во црн фустан на Диор.
Во интервју за Вог таа се осврна и на мајчинството. „Тешко е, имам пет деца, а да се биде мајка на 40 не е исто што и да се биде мајка на 20 години, но отсекогаш сум сакала да имам големо семејство и сум млада во срцето. Исто така, сакам да тренирам, тоа е дел од нашата култура овде во Рио де Жанеиро“, рече Лима.
Таа се осврна и на негативните коментари за нејзиниот изглед
“Точно е дека обично се дебелеам многу за време на бременоста, но морам да размислувам за себе. Имав други приоритети. За среќа, ја имав поддршката од моето семејство, а сега сето тоа е во минатото. Модата е за нас жените, кои вообичаено купуваме и сме свесни што се случува таму, така што секој момент во животот треба да се слави и во моментов се чувствувам одлично“, рече таа. Додаде дека во моментов сака да се гледа себеси без шминка.