(ФОТО) Лила прослави роденден: „Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден“

Познатата македонска ТВ водителка и инфлуенсерка Лила Филиповска на 15 Октомври го прослави својот 51-ви роденден во кругот на најблиските пријатели, колеги и нејзиниот син Филип.

Таа едноставно блескаше од убавина но и од среќа.

Лила сподели фотографии на кое може да се види како е облечена, а во описот на фотографиите стави краток но емотивен статус.

„Вечерва облеков фустан во бела боја…вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден , да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив ! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден…овој ден е мојот роденден“, напиша Лила во описот на фотографиите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e