(ФОТО ) Лепа Брена наполни 65 години

Балканската музичка ѕвезда Лепа Брена блесна со насмевка и безвременска енергија на својот 65 роденден, кој го прослави во кругот на најблиските – и, како вистинска ѕвезда, го сподели тој момент со своите следбеници на Инстаграм!

На фотографијата објавена од нејзината луксузна вила на Бежаниска коса, Брена позира покрај величествена торта украсена со нејзиниот лик и диско-топки – симбол на нејзината долга и белскава кариера.

Screenshot 2025-10-21 125749

Она што најмногу ги воодушеви обожавателите беше нејзиниот природен изглед – без грам шминка, со очила за вид и широка насмевка. Брена уште еднаш покажа дека вистинската убавина доаѓа од самодовербата и внатрешниот мир.


View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Во описот на објавата таа им се заблагодари на своите фанови со топли зборови:

Драги пријатели, благодарам за најубавите роденденски желби! Вашите пораки, честитки и убави зборови ми го разубавија денот и го направија посебно среќен. Ви благодарам што сте дел од мојот живот и што овој роденден го направивте незаборавен!“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e