(ФОТО) Лејди Гага позираше гола за декемвриското издание на Вог

Aмериканската пејачка и актерка Лејди Гага е ѕвезда на декемвриското издание на британската и италијанската верзија на магазинот Vogue, овој пат позирајќи гола. Во интервјуто таа откри и детали за снимањето на филмот House of Gucci.

Првпат во историјата иста личност е на насловната страница и на британската и на италијанската верзија на познатото списание, а фокусот на интервјуто беше насочен кон филмот House of Gucci.
Лејди Гага за насловната позираше во различни изданија, италијанската верзија го прикажува нејзиното лице одблизу, додека за британската е облечена во долга сребрено-црна тоалета.

На една од фотографиите пејачката лежи додека позира без облека, а со рацете ги покрива облините.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e