(ФОТО) Лејди Гага блеска, како никогаш досега, на премиерата на „Гучи“

Гламур е збор кој најдобро ја опишува вчерашната премиера на филмот за семејството Гучи – „House of Gucci“.

Главната улога ѝ припадна на Лејди Гага која улогата ја градела сама, па дури и не сакала да ја запознае Патриција Реџани (која ја толкувала), а која останала навредена од ваквиот потег.

И додека со нетрпение очекуваме да видиме како таа го „изнела“ ликот на Патриција, вчера сите погледи биле вперени кон неа додека позирала на црвениот тепих. Облечена во виолетова креација со потпис на „Гучи“, Гага доминирала на премиерата.

Под фустанот носела беж корсет, мрежести црни хулахопки и препознатливите чизми со висока платформа.

Модата доминирала на премиерата на филмот за модниот могул, а во тој манир се појавиле и Селма Хаек, Адам Драјвер, Џеред Лето и многу други.

Селма носела златен фустан кој го истакнувал нејзиното бујно деколте, а Џеред Лето го привлекол вниманието во совршено скроено тиркизно одело додека во рацете носел сребрена чанта во облик на човечко срце.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e