(ФОТО) Лавицата наполни 46 години – Еве како Карлеуша го прослави роденденот!

Српската пејачка Јелена Карлеуша завчера (17 август) го прослави својот 46. роденден и, како и секогаш, го одбележа овој ден на начин кој не може да остане незабележан.
Музичката ѕвезда објави неколку фотографии и им даде мал увид на своите обожаватели за тоа како изгледала интимна и гламурозна забава во нејзината вила на Дедиње. Карлеуша, која е вистинска модна икона, се одлучила за црвена и провокативна модна комбинација, која го истакнала нејзиното згодно тело.

„Уште една повеќе“, напиша таа во описот на фотографиите, на кои може да се види дека пејачката имала голема роденденска торта на пет ката, со големи црвени срциња.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e