Северина навистина умее да одбере комбинација која во целост ја покажува и истакнува нејзината беспрекорна фигура.
Пејачката на Инстаграм објави уште една заводлива фотографија на радост на нејзините фанови.
Таа е облечена во тесен бел фустан, а едната рака и е крената.
Во описот на фотографијата не е наведено ништо, па значењето на оваа објава може само да се шпекулира. Но едно е сигурно, на сите им се допадна беспрекорниот изглед на Северна.
„Кралица“, „Прекрасна“, „Секогаш најубава, наша Севе“, „Колку постара толку понереална“, се дел од коментарите на фановите.