Ким Кардашијан (41) на социјалните мрежи ја потврди врската со Пит Дејвидсон (28).
Таа објави серија интимни фотографии и конечно на сите им стави до знаење колку го сака своето ново момче.
Покрај тоа, Ким на Фејсбук го тргна презимето Вест и сега е само Ким Кардашијан.
– Чиј автомобил ќе го земеме? – напиша Кардашијан со серија фотографии со Дејвидсон.
На една од фотографиите, Пит е во скутот на Ким и гледа кон својата партнерка.