Кетрин Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, успеа повторно да го привлече вниманието на целиот свет. Таа се појави на погребот на принцот Филип елегантно облечена, секако комплетно во црно со впечатливи парчиња накит кои имаат голема симболика.
Неколку милиони луѓе ширум светот го следа пренoсот од погребот на британскиот принц Филип. Ова е прв пат кралското семејство да бидат видено заедно во јавноста уште од почетокот на пандемијата на коронавирусот. Исто така, ова беше прва средба на принцот Хари со неговото семејство откако замина во Америка, кој дојде да го испрати војводата од Единбург, но без неговата сопруга Меган Маркл.
Сопругата на принцот Вилијам и идната кралица се појави во црн фустан од дизајнерката Кетрин Вокер, која често ја облекува за јавни настани. Кејт носеше шапка со црна мрежа, а изгледот го комплетираше со бисерен ѓердан и обетки збогатени со многу дијаманти.
Многумина сметаа дека нејзиниот избор на накит е чин на поддршка на кралицата Елизабета. Имено, ѓерданот што го носеше Кејт, кралицата го добила на подарок кога се омажила за принцот Филип.