Македонската поп дива атмосферата ја загреа како со своите хитови, така и со својот прекрасен изглед.
Овој пат на својот настап познатата пејачка Каролина Гочева ги воодушеви сите и со своето префинето издание.
Имено, таа се појави во поприлично необично, но истовремено крајно женствено издание и никого не остави рамнодушен.
Каролина на сцената пристигна во долго здолниште во мастилно сина боја, додека во горниот дел носеше црна ролка.
Во прашање е ролка „кроп-топ“ издание, со која убавата пејачка во преден план ја истакна својата тенка половина.