Поп-ѕвездата Јелена Карлеуша и заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ го посетија прифатилиштето за животни.
Јелена и Весиќ ја покажаа хуманоста на дело и љубовта кон животните, а пејачката со својот стајлинг остави без зборови многумина и ја оправда титулата на една од најдобро обучените јавни личности во светот.
Инаку, Карлеуша многу ги сака животните и активно се бори за заштита на нивните права, па секогаш нагласува дека не јаде месо и не носи материјали од животинско потекло.
Јелена при посетата на прифатилиштето за животни донела храна и рекла дека секогаш е подобро да се посвојува отколку да се купува, а нејзината комбинација на облека ги воодушевила сите.
Пејачката носеше краток дуксер со нејзините иницијали кој го истакна бујното деколте, означена долна облека која беше навлечена до папокот и црни широки тренерки.
Покрај овој, може да се каже, опуштен стајлинг, Јелена вклопи и проѕирни штикли, кои одлично и припаднаа на комбинацијата, иако на многумина на прв поглед им е чудно, оваа комбинација дефинитивно е победничка.