(ФОТО) Карлеуша ја имитира Меланија Трамп – Овој пат е елегантна, без грам голотија!

Познатата балканска поп-дива, Јелена Карлеуша, дури и кога оди на гласање внимава на секој детаљ на себе. Таа овој пат избра бело од лава до пети, а покрај тоа што изгледаше прекрасно, многумина ги коментираа и деталите во ова нејзино сензационално издание.

Имено, пејачката носеше капут од позната модна дизајнерка од Нови Пазар за кој истакна дека е и еден од омилените.
Како што пишува „Србијаденес.рс“, цената само на ова парче е 350 евра, а покрај капутот во центарот на вниманието беа и сандалите од со потписот на познатиот светски моден бренд „Mach and Mach”. Сребрените сандали се зачинети со циркони и направени од ПВЦ материјал, а на официјалниот сајт на брендот се продаваат по цена од 1012 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e