(ФОТО) Карлеуша со емотивна објава за двегодишнината без својата мајка!

Јелена Карлеуша во март 2019 година, ја загуби својата мајка Дивна Карлеуша, која водеше битка со карциномот на бели дробови. Веста за смртта на саканиот родител ја дочека при слетувањето на аеродромот во Белград, враќајќи се од настапот во странство.

Популарната пејачка објави досега невидена фотографија од својата мајка, во чиј опис емотивно порaча:
„Само ги затворам очите и тука си … го слушам твојот глас и сè е во ред. Те сакам, не грижи се… 25. 1.1958 г.-3. 3.2019 година Дивна. (Сликата е снимена во Воената медицинска академија, ја фотографирав убава и насмеана додека одевме на хемотерапија. Таа прими безброј терапии, секогаш насмеана и никој не можеше да види колку ѝ е тешко … да не видам јас … Кој ја познаваше Дивна, знае дека таква жена не може да се опише со зборови … ѝ ја објавив оваа слика само за да видат луѓето колку е убава … мојата … љубов, мојот борец, моето засолниште од злото , мојот мир … Секој мој успех беше заради неа, да биде горда … и сите ќе бидат за неа!).“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e