Да ве морничам, ама буквално! Нереални слики на Јелена Карлеуша по повод Ноќта на вештерките
Со специјални ефекти и детали, сцените изгледаа многу реално
Поп ѕвездата Јелена Карлеуша се маскираше по повод Ноќта на вештерките, а кадрите буквално треперат.
Јелена најпрвин се маскирала во елф, со зашилени уши и нагласени очи, а во тој аутфит позирала без облека, но тоа не било се, потоа целосно се трансформирала.
Карлеуша се маскираше во калуѓерка од пеколот, носеше мрежести чорапи и црн костим, а телото и беше покриено со крв.
Со специјални ефекти и детали, сцените изгледаа многу реално, но и морничаво. Јелена со својот костим за Ноќта на вештерките предизвика бројни реакции.
„Леле, изгледаш толку моќно“, „Одличен костим“, „Каква трансформација!“, „Бев ужаснат од овие кадри“, „Лудило“, „Секој дел за тој што ја смислил оваа тема“, се некои на коментарите.