Кајли Џенер откри дека го сменила името на својот син кого го нарече Волф.
Кајли и Травис Скот одлучиле дека на нивното дете тоа име не му прилега.
„Нашиот син повеќе не се вика Волф“, напишала 24-годишната Џенер преку Инстаграм-стори.
„Едноставно не чувствувавме дека тоа е тој“.
Ријалити ѕвездата додала дека само сакала да го напомене тоа, бидејќи ‘насекаде го гледа имаето Волф’.
Сè уште не објавила како таа и Скот (30) одлучиле да го наречат своето синче.
Инаку, Кајли на својот Јутјуб канал сподели и снимка која му е посветена на нивниот син, на кој прво му го дале името Волф Вебстер, како и други детали поврзани со бременоста.