Игор Џамбазов постојано успева да го привлече вниманието на јавноста со своите објави на Инстаграм, без разлика на нивната содржина.
Иако најчесто тоа го прави со фотографии со неговата сакана Ирина, овојпат Џамбазов со друго успеа да ја заинтригира Инстаграм екипата.
Имено, актерот сподели фотогафија на која пишува:
„Што ти е животот. Истите оние што пред 25 години ме убедуваа за штетноста на марихуаната по моето здравје, денес од мене бараат да им најдам масло од канабис за нивното здравје. Е тоа ти е животот“, пишува на фотографијата која Џамбазов неодамна ја сподели на својот Инстаграм профил.
Додека пак во описот на фотографијата Џамбазов напиша:„ Животот е круг…“