Најатрактивната членка на групата „The Pussycat Dolls“, пејачката Никол Шерцингер, за која воздивнуваат мажите ширум светот, воодушеви милиони обожаватели со нови секси фотографии.
Згодната Никол со месеци ужива во родниот Хаваи, каде не се одвојува од своето момче Том Еванс, а во моментов се во Португалија. Нејзините дневни објави се претежно во бикини, па така и овие најновите.
Една од најпосакуваните жени на светот има брутално тело и по четириесет години, па овој пат во бело бикини предизвика големо воодушевување со своето совршено тело и ги излуде сите што ја следат на Инстаграм – среде пустината.