Хајди Клум сјае каде и да се појави. Така било и на премиерата на филмот „Аватар 2“ во Лос Анџелес.
Љубителите на филмот „Аватар“ воодушевено го дочекаа продолжението на овој филм. По премиерата во Лондон „Аватар 2“ е прикажан и во Лос Анџелес.
Меѓу познатите личности кои се појавиле на премиерата на овој филм била и Хајди Клум (49) која привлекла најмногу внимание.
Германскиот супермодел и ТВ-личност, Хајди Клум се појавила на премиерата на филмот во друштво на 16 години помладиот сопруг, а со својот моден избор ја поттикнала фантазијата кај присутните.
За оваа прилика таа избрала да носи прекрасен, сребрен фустан од провидна, тенка ткаенина која освен со материјалот, вниманието го привлекла и со својот крој.
Имено, долгиот фустан на едно рамо и со длабок шлиц којшто се протегал до колкот, ја поттикнал фантазијата кај луѓето, а поради деликатноста на манекенката во еден момент ѝ наѕирале градите додека позирала пред фотографите.
Што се однесува до обувките, таа носела потпетици со провиден, широк ремен, а од аксесоари имала само големи дијамантски обетки.
Совршената шминка и светлиот кармин на усните со фризурата која паѓа низ грбот феноменално се вклопиле во аутфитот.